Навивачите на Сити се свртеа против најдобриот стрелец: Подобри сме без Халанд
По фантастичниот старт на сезоната, Норвежанецот се наоѓа во длабока криза и тоа се одразува на резултатите на тимот. На последните осум меча во сите натпреварувања, тој постигна само еден гол, па навивачите веќе се свртеа против него.
По синоќешниот триумф против Њукасл, на социјалните мрежи осамнаа жестоки навреди насочени кон најдобриот стрелец, не само во Сити, туку и во Премиер лигата.
„Се гледа колку подобро играме меѓу линиите без тоа норвешко магаре. Халанд, ќе платиш за своите злостори“, пишуваа, меѓу другото, навивачите.
Халанд е еден од најдобрите голгетери на денешнината, а со брзи чекори оди и кон најдобрите во историјата. Во Лигата на шампионите има просек од гол по натпревар, додека во Премиер лигата ја мина границата од 100 гола за само 3,5 сезони. Сепак, јасно е дека секоја сезона има неколкумесечна криза која потоа се одразува на резултатите на Сити, а и навивачите го обвинуваат дека секогаш исчезнува на „големи“ натпревари.