Ова го има само во Германија - 50 илјади гледачи на натпревар од младинската ЛШ (ВИДЕО)
Екипата се натпреваруваше во Лигата на шампионите и вчера на домашен терен го пречека Интер. Стадионот Рајн Енерџи во Келн беше исполнет буквално до последното место, а официјално собира 49.698 гледачи. Од Келн тврдат дека била надмината бројката од 50 илјади, но во секој случај тоа е нов рекорд во елитното младинско натпреварување. Присутна беше и навивачката група на Келн која со пиротехничко шоу се погрижи спектаклот да биде комплетен.
За жал, Келн загуби со 1-3, но голот што го постигна Шентен во 80. минута за израмнување на 1-1, предизвика лудница на стадионот. Италијанскиот тим потоа даде два гола, длабоко во судиското продолжение и стигна до победата што го носи во осминафиналето.