Димитриевски одбрани пенал, но прими гол во 96. минута - Валенсија заврши со купот! (ВИДЕО)
Столе Димитриевски бранеше и на овој натпревар, Македонецот имаше одлична партија, одбрани пенал, но двапати ја вадеше топката од сопствената мрежа поради невнимание на неговата одбрана.
Во 26. минута Садик си постигна автогол за водство на Атлетик Билбао од 1-0.
Но, истиот фудбалер успеа да се искупи девет минути подоцна, да ја погоди вистинската мрежа и да го изедначи резултатот на 1-1.
Во 75. минута Атлетик Билбао имаше пенал, но тогаш Столе Димитриевски одбрани и спречи радост на гостите.
Се очекуваше дека натпреварот ќе отиде во продолженија, но браќата Вилијамс не дозволија тоа да се случи. Во 96. минута Нико Вилијамс асистираше до Ињаки Вилијамс кој конечно по пауза од три месеци даде гол и го однесе Билбао во полуфиналето од Купот на Шпанија.