Почнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2026“

Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на 4 автомобилски медиуми.

Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија - Авто Плус, а во соработка и како ко-организатори се Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата – најпосакуван автомобил. 

Како и во минатите години, во конкуренција влегуваат возила кои се веќе пристигнати или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето. 

Листата на автомобили оваа година ја сочинуваат 16 кандидати, модели од различни класи и брендови, распределени во четири категории:

Најпосакуван семеен автомобил во Македонија

Geely Cityray

Cupra Terramar

Dacia Bigster

Geely EX5

Opel Frontera 

Volkswagen Tayron 

Најпосакуван градски автомобил во Македонија

Geely Cityray

Peugeot 308

Renault Clio

Volkswagen T-Roc

Најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија

Lynk&Co 02

Renault 5

Geely EX5

Lynk&Co 08

Skywell BE11

Lynk&Co 01

Мазда 6E

Најпосакуван автомобил во Македонија - Главна награда

Audi Q5 

Opel Frontera

Volkswagen T-Roc

Lynk&Co 08

Во идниот период од 45 дена, веќе споделените искуствата и мислењата за секој од автомобилите, организаторите дополнително ќе ги промовирани на нивните медиуми. 

Гласањето за моделите започнува на 15ти Март и трае до 31ви Март 2026 година, а ќе се одвива на официјалната веб страница каде што секој поддржувач на автомобилската индустрија во Македонија ќе може да го избере својот фаворит на четири тркала.