Ердоган му помогнал на Фенербахче да го реализира трансферот на Канте
Договорот за малку ќе пропаднеше поради административна грешка на саудискиот тим, но на крајот Фенербахче испрати жалба до Светската фудбалска федерација (ФИФА), а во случајот се вмешал и Ердоган, за што му се заблагодари и првиот човек на Фенербахче, Садетин Сарар.
Новинарите од Турција објавија дека Ердоган за време на своето патување во Саудиска Арабија дознал за проблемот и по слетувањето во Ријад веднаш разговарал со принцот Салман, при што побарал да се реши недоразбирањето.
Принцот Салман му се јавил на претседателот на фудбалскиот сојуз во нивната земја, а потоа и во ФИФА за да се коригираат грешките и да се реализира трансферот.
Според шпекулациите, Канте се откажал од дури 70 отсто од платата која ја заработуваше во С. Арабија, па во Турција ќе заработува „само“ 7,5 милиони евра годишно.
Фото: Al Ittihad/Facebook