Ѕвезда на Детроит го удри Јокиќ во меѓуножјето, но не доби казна (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Детроит пистонс, Кејд Канингам му зададе болен удар на Никола Јокиќ, кој заврши на паркетот во болки.

Додека се обидуваше да го избегне блокот, Канингам го удри Србинот по меѓуножјето, а судиите веднаш ја погледнаа снимката и утврдија дека нема елементи за неспортски прекршок.

Денвер го загуби мечот со 121-124, а Јокиќ постигна 24 поени, 15 скокови и четири асистенции.