Дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер, а Леброн и Дончиќ го израдуваа Лејкерс (ВИДЕО)
Лејкерс на крилјата на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс успеа да оствари нов триумф во најсилната кошаркарска лига. Словенецот го заврши мечот со 24 поени, шест скокови и пет асистенции, додека „Кралсот“ постигна 25 поени и седум асистенции.
Детроит успеа да слави против Денвер со 124-121, откако Канингам блесна со 29 поени и 10 скокови, додека на спротивната страна Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 24 поени и 15 скокови, а Џамал Мареј постигна 32 поени и осум асистенции.
Останати резултати:
Индијана – Јута 122-131
Вашингтон – Њујорк 101-132
Мајами – Атланта 115-127
Далас – Бостон 100-110
Милвоки – Чикаго 131-115
Оклахома – Орландо 128-92
Голден Стејт – Филаделфија 94-113
Портланд – Феникс 125-130
Фото: Facebook/Los Angeles Lakers