Резултатите на Ѓоковиќ не се случајни - 45 дена се подготвувал за Австралија Опен
За многумина е неверојатно како успеа во пет сета да го победи Јаник Синер и долго време да се држи во финалето против Карлос Алкараз. Тајната за успехот ја откри тенискиот тренер Рикардо Пјати кој одамна работи со Новак, а сега откри детаљ што покажа колку е решен српскиот ас да дојде во Мелбурн целосно подготвен.
„Ѓоковиќ го ангажираше мојот пријател Далибор Сирола, фитнес тренер и со него ги започна подготовките за Австралија Опен на 1 декември. Беше свесен дека на негови години му треба повеќе време да се подготви, бидејќи е повозрасен.
Во финалето видовме дека единственото нешто што е проблем за Новак во играта е неговата возраст. Ги ценам неговите напори да се подготви за најголемите турнири и по овој турнир го ценам уште повеќе од претходно. Тој го сака спортот и сака да се натпреварува. Изненаден сум што загуби во финалето, но едноставно, Алкараз беше подобар“, откри Пјати.
Првиот Гренд слем во сезоната е добар поради тоа што тенисерите имаат околу два месеца да се подготвуваат за него. Со другите не е случај затоа што се сред сезона и пред и потоа има важни турнири на кои мора да се игра максимално ангажирано.