Сигурдсон откри како од дете е поврзан со Хрватска!

Исланѓанецот, Дагур Сигурдсон на Хрватска во последните две години ѝ донесе два медали од големите натпреварувања, освои светско сребро и европска бронза.

Тој е првиот странски селектор на Хрватска, а сега открива на каков начин од дете е поврзан со оваа земја.

„Одлуката да дојдам тука беше чиста интуиција и страст, потреба да се проба нешто ново. Но, има една интересна работа. Мојот помлад брат отсекогаш бил голем обожавател на хрватскиот спорт. Тој едноставно обожава сè што доаѓа од Хрватска. Уште како дете, секој пат кога избираше тим, секогаш избираше да навива за Хрватска, па затоа секогаш Хрватска беше на нашиот телевизор. Неверојатно. Кога дојдов да преговарам со Федерацијата, тој ми рече: „Доаѓам со тебе““, открива Сигурдсон.

Фото: ЕПА