Стоилов ја напушти Македонија ЃП и повторно ќе игра во странство!

Македонскиот фудбалер, Ѓорѓи Стоилов ја продолжува кариерата надвор од Македонија, но не многу далеку, тој стави потпис на договор со албанскиот прволигаш, Билис.

Билис го потврди договорот со искусниот македонски фудбалер од средниот ред кој по солидната полусезона во дресот на Македонија ЃП реши пак да замине надвор од земјата.

30-годишниот фудбалер во Македонија настапуваше и за Шкупи, Брера, Турново, а во странство играше во Зира од Азербејџан.

Билис во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата со 20 бодови и го очекува тешка борба за опстанок во елитата.