Последниот ден од преодниот рок во Англија никогаш не бил потивок!
Според информациите на „Би-Би-Си“ ниту еден трансфер не бил потврден до 19:04 часот по локално време, тогаш Кристал палас го објави доаѓањето на Стан Ларсен од Вулверхемптон.
Клубовите можат да потпишуваат договори со фудбалерите до два часа по истекот на времето, но договорот да се предедаде до 19:00 часот за да се обезбеди време за комплетирање на документацијата.
По истекот на рокот потврдени беа уште пет трансфери и меѓу нив, Сандерленд го доведе еквадорскиот фудбалер Нилсон Ангулa од Андерлехт во зделка вредна 17.5 милиони фунти, додека Вулверхемптон го потпиша Ејнџел Гомес од Марсеј на позајмица и го замени Странд Ларсен со Адам Армстронг од Саутемптон за седум милиони.
Сето тоа доведе до вкупна потрошувачка на англиските клубови во јануари од 390 милиони фунти.
Исто така Ливерпул на еден ден пред истекот на преодниот рок го договори Жереми Жаке од Рен, но тој трансфер и исплатата на од 60 милиони фунти нема да се случат пред лето.