Нема скандали само кај нас: Италијанка падна на допинг пред ЗОИ

На неколку дена пред почетокот на Зимските Олимписки игри дојде до промена во тимот на Македонија откако скијачот Мирко Лазарески се најде под сомнеж за допинг, а со слични проблеми се соочиле и Италијанците.

Имено, италијанката Ребека Паслер паднала на допинг тест и поради таа ќе ги пропушти игрите на домашен терен во Милано и Кортина.

Според информациите на италијанските медиуми кај Паслер бил откриен Летрозол, лек кој се користи за намалување на нивото на естроген и најчесто се користи во терапија за рак на дојката, но во спортот се наоѓа на листата забранети супстанци.

„Сојузот веќе отвори истрага по повод на овој случај. Секогаш стоиме со нашите спортисти, а приоритет ни е да се расветли случајот и сите околуности за да се спречи ширењето на нетоични информации кои би можеле да наштета на кариерата и угледот на Ребека“, стои во соопштението.

Фото: EPA