Преговорите започнале: Меси се враќа во Европа под необични услови?

Се погласни се најавите за можно враќање на Лионел Меси во Европа, а според последните информации Аргентинецот размислува за краток ангажман во европскиот фудбал со цел да остане во натпреварувачки ритам за Светското првенство во летото кое следи.

Наводно, интерес за Меси покажала екипата на Галатасарај, но ако се случи Меси да пристигне во Истанбул тоа би било под необични услови.

Познатиот турски коментатор, Левен Туземан тврди дека разговорите помеѓу застапниците на Меси и Галатасарај веќе биле направени и според неговите информации, Меси е подготвен на четиримесечен договор и во тој период би одиграл 12 натпревари.

Во договорот би имало клаузула според која Меси не би патувал на гостувањата и би играл само во Истанбул на домашните дуели. Причина е да се избегнат проблемите и хаосот кој би настанал секаде во Турција каде што ќе патува.

„Разговорите веќе се водени. Галатасарај сака да го доведе Меси, но тој не сака да се изложува премногу на замор за да не ризикува повреда“, изјави Туземан.

Исто така тој додаде дека Меси одбил понуда од Ал Хилал со многу подобри финансиски услови.

„Ако дојде во Турција, би го пречекале милионо луѓе“, порача новинарот.

Иако би играл само во домашните натпревари се наведува и дека Аргентинецот би настапил и во финалето од Купот на Турција, ако Галатасарај стигне до таму.

Ќе потсетиме, Меси претходно истакнуваше дека не сака да биде товар на Аргентина на Мундијалот, а бидејќи сезоната во МЛС лигата почнува дури на пролет се постои страв помеѓу Аргентиците дека можеби нема да биде во најдобра форма во клучниот период.