Фудбалер на Порто брутално стартуваше - противникот доби копачка во глава! (ВИДЕО)

Eкипата на Порто доживеа пораз во рамките од 20. коло од 2-1 во дуелот против Каса Пиа, а во овој натпревар видовме и еден груб старт на Вилијам Гомес.

Крилото на Порто невнимателно и со отворен ѓон стартуваше врз Давид Соуса од противничкиот табор, па така и сосема заслужено беше испратен во соблекувалната.

Иако стартот изгледаше навистина непријатно, Соуса по укажаната лекарска помош се врати на теренот.