Вардар со пораз од Алашкерт ги заврши подготовките во Турција

Екипата на Вардар со пораз од ерменски Алашкерт 3-0 ги заврши подготовкие во Сиде, Турција.

Победата Ерменците ја најавија уште во првото полувреме во кое постигнаа два гола, а потоа во вториот дел Алашкерт постигна и уште еден гол за потврда на триумфот.

По овој ннатпревар утре експедицијатта на лидерот во ПМФЛ се враќа во Скопје.

Покрај денешнит натпревар, Вардар во Турција ги одмери силите уште со: Јаблоонец, Андијон, Динамо Махачкала, Ахмат Грозни и Сараево.