Aлкараз го откажа настапот на турнирот на кој требаше да ја брани титулата

Најдобриот тенисер на светот, Карлос Алкараз, очекувано се откажа од првиот нареден турнир по освојувањето на трофејотт на Австралија опен.

Алкараз вчера го освои својот прв трофеј во Мелбурн, а денеска стигна потврда дека нема да биде дел од турнирот во Ротердам.

Во Ротердам Алкараз ќе настапеше како бранител на трофејот, но сепак се одлучи да си земе одмор по одличниот настап во Австралија.

Следниот турнир на Алкараз ќе биде Доха, кој се игра од 16 до 21 февруари. Станува збор за турнир на кој ќе има и сериозни конкуренти меѓу кои и неговиот најголем ривал во овој момент, Јаник Синер.

На АТП табелата Шпанецот и понатааму е лидер со 13.650 бодови.