Шок за Тер Штеген: Експресно може да се врати во Барселона!
Каталонските медиуми денеска потврдија дека Тер Штеген заработил мускулна повреда поради која ќе паузира меѓу два и три месеци. Германецот со години се мачи со повреди, а поради последната во Барселона беше надвор од терените дури четири месеци.
Сега е зафатен мускул, што е уште еден доказ дека медицинскиот тим на Барселона правилно проценил во своите извештаи, во кои јасно посочи дека Германецот тешко може да ја врати старата физичка форма.
Ханси Флик веднаш го отпиша и го постави најпрво како втор, а потоа и како трет голман, поради што Тер Штеген и замина на позајмица во Жирона.
Сега ситуацијата се менува. Не е исклучено Жирона да ја прекине позајмицата, бидејќи паузата не е кратка, и да се обиде да донесе нов голман. Доминик Ливаковиќ пред два дена ја комплетираше позајмицата во Динамо Загреб, па Жирона ќе мора да реагира.
Што се однесува до Тер Штеген, извесно е дека оваа повреда дополнително му ги намали шансите да биде прв голман на Германија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.