Милан во последен момент останал без големо засилување!

Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матеа, нема да се пресели во Милан во овој преоден рок, пренесува Џанлука ди Марцио.

Матета преговараше и сакаше да се пресели во Милан и последните информации беа дека трансферот е речиси завршен, сепак се појавил проблем.

Клупските лекари го провериле до најситен детал, а тестовите не биле позитивни за Милан, па Италијанците се откажале. Проблем претставувале колената кои биле во ситуација кога фудбалерот лесно може да се повреди.

Ова веројатно не е добро и за Палас бидејќи во тимот ќе има фудбалер кој не е целосно задоволен, но исто така ќе останат и без отштета од 40 милиони евра кои требаше да ја добијат.

Претходно, со Матета се поврзувваше и Јувентус, но „старата дама“ не се договори со луѓето во премиерлигашот.