Ќе се одржи нова панел дискусија - „Ракометот спорт број 1?“
Настанот ќе се одржи на 23 февруари со почеток од 8:30 часот, а ќе биде поделен во три сесии.
Првиот панел е насловен како „Влијанието на медиумите и социјалните мрежи“, на него ќе учествуваат ракометарот Милан Лазаревски, новинарот Зоран Мишевски, тренерот Горан Кузмановски и психологот д-р Емилија Бошковска.
Вториот панел е „Развој и промоција на Ракометот и врската со училишниот спорт, или каде почнува создавањето на играч“, на него ќе дискутираат: Координаторот на машките селекции Филип Миркуловски, генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, Горан Ѓоргоновски од школата „Ракомет за секое дете“, како и Елена Мицковска од Федерацијата на училишниот спорт.
Последната панел дискусија е „Стратешки цели и насоки за развој на ракометот“, а на неа збор ќе имаат: спортскиот директор на Вардар, Владо Недановски, Кирил Пецаков од ГРК Охрид, Славе Николов како претставник на здружението на судии и претседателот на РФМ, Александар Стефанов.
Модератор на дискусијата ќе биде спортскиот новинар Перо Момировски.