Хрватската влада ќе им организира дочек а ракометарите - ќе пее Томпсон!
Ракометарите поставија ултиматум кој беше одбиен од Градот Загреб. На дочекот да и пее пејачот Томпсон, познат по своите националистички песни.
Градоначалникот на Загреб го одби ова барање, неговиот став е дека додека тој е на фукција Томпсон нема да пее на манифестации кои градот ги организира.
Се понудија други градови да организираат дочек, но ракометарите одбија.
Сега има нов пресврт во целата ситуација, владата на Хрватска ги зема работите во свои раце и таа ќе го организира дочекот на ракометарите, ќе пее и Томпсон.
Настанот треба да почне од 18 часот.