Крај на сите шпекулации, Мањан нe мрда од Милан!
Во клупското соопштение се наведува дека Милан е „задоволен што може да го објави продолжувањето на договорот со Мајк Мањан до 30 јуни 2031 година“, при што се истакнува неговата лидерска улога, сигурноста и огромното значење, како на теренот, така и надвор од него.
Со продолжувањето на договорот се стави крај на шпекулациите околу неговата иднина, откако во изминатиот период беше поврзуван со интерес од неколку европски клубови, меѓу кои се споменуваше и Челси.
𝑈𝑛 𝑎𝑣𝑒𝑛𝑖𝑟 𝑚𝑎𝑔𝑖𝑞𝑢𝑒: Mike is here to stay 🦅
— AC Milan (@acmilan) January 31, 2026
Од Милан посочуваат дека одлуката на Мањан да ја продолжи соработката претставува „јасна определба за континуитет и долгорочните амбиции на клубот, кој има намера иднината да ја гради околу искусни лидери и млади таленти“.
Францускиот репрезентативец пристигна на „Сан Сиро“ во 2021 година и оттогаш израсна во еден од клучните столбови преземајќи ја капитенската лента и станувајќи една од највлијателните фигури во соблекувалната. Досега зад своето име има 188 настапи.