Македонија без Калин Ивановски против Кипар!
Македонската тениска репрезентација за овој дуел ќе биде составена од: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски.
Селекторот Горан Шевченко на располагање ќе го нема нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, според неговиот тим од САД каде што се наоѓа сега, не е целосно подготвен.
Според селекторот Шевченко до промена на играчите може да дојде и на еден ден пред почетокот на мечевите.
За селекцијата на Кипар ќе настапат Мелиос Естатиу (787.АТП сингл ранг – 506. дубл ранг); Фотос Фотиадес (1.782 сингл ранг – 1.669 дубл ранг); Никола Кембел (без ранг сингл); Константинос Мегалемос (без ранг сингл)и Елефтериос Неос.
Мечот ќе се игра во Никозија на тврда подлога, во сабота (7.февруари) се играат два сингл меча и во недела (8.февруари) прво меч во двојки, а потоа двата други сингл мечеви.
Македонската репрезентација изминативе денови тренираше во Скопје, а во понеделник заминува за Никозија.