Надал: Ќе навивам за Алкараз, но ќе бидам среќен и ако Ѓоковиќ победи!

Рафаел Надал логично му даде поддршка на својот сонародник Карлос Алкараз пред утрешното финале на Австралија опен против Новак Ѓоковиќ.

Надал го пофали Ѓоковиќ и рече дека би бил среќен ако српскиот тенисер освои, но ќе навива за Алкараз бидејќи тој е од неговата земја и заедно играле за Шпанија на Олимпијадата.

„Карлос е од мојата земја, имаме одличен однос, игравме заедно на олимпискиот турнир за Шпанија. Ако Новак победи ќе бидам среќен поради него бидејќи е спектакуларно што тој прави во оваа фаза од својата кариера. Ќе бидам среќен. Но, ако морам да поддржам некој, јас чувствувам дека мора да го поддржам Алкараз“, рече Надал.