Бензема продолжува да бојкотира по чудната понуда која ја доби од Ал Итихад

Карим Бензема бојкотираше еден натпревар на Ал Итихад, а не планира да игра ниту на следниот, тој е разочаран од она што му го понуди клубот.

Со актуелниот договор кој му истекува во јуни, Бензема имаше годишна плата од 90 милиони евра.

Ал Итихад за продолжување на договорот му сега му нуди 0 евра, но 100 проценти од имиџ правата.

Тоа значи дека Бензема би играл беспари, а би заработувал само од имиџ правата.

Ваква понуда не е видена никаде досега, па Французинот веднаш откако ја доби почна да ги бојкотира натпреварите на тимот.