Ѕвезда на Баерн ќе го прекрши договорот поради понуда од Премиер лигата!?

Баерн Минхен би можел наскоро да остане без еден од најважните фудбалери во екипата, а тоа е дефанзивецот Дајот Упамекано.

Упамекано има потпишана соработка до јуни оваа година со баварскиот гигант, но веќе постигна усен договор со Баерн, кој наскоро би можел да биде прекршен поради понуда од Ливерпул.

Ливерпул неодамна ја загуби битката со Манчестер сити за потписот на дефанзивецот Марк Гуехи, па поради тоа ги насочи сите сили кон Упамекано.

Одбранбениот фудбалер игра за Баерн од 2021 година, откако претходно четири години го носеше дресот на Лајпциг.

Фото: Facebook/FC Bayern München