Готово: Денвер го „исклучи“ Јокиќ од трката за МВП!
Јокиќ се опоравува од повреда на коленото што ја заработи на 30 декември во Мајами и досега пропушти 14 натпревари на својата екипа. За да остане во конкуренција за индивидуалната награда до крајот на сезоната, неопходно е Јокиќ да пропушти најмногу 17 натпревари во целата сезона 2025/26. Според најновите информации, тој ќе пропушти и повеќе од тоа.
„Денвер ја одложи одлуката за враќањето на Јокиќ за уште седум дена“, изјави Чарни.
Тоа значи дека кошаркарот од Сомбор сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари (против Детроит, Бруклин, Клиперс и Тандер) што значи дека дури и во најдобро сценарио да се врати веднаш потоа тој не би имал шанси да се бори за престижното признание.
Дополнително, познатиот новинар истакна дека процесот на враќање на српскиот центар се одвива без компликации и дека ваквата ситуација била очекувана по деталните прегледи направени при повредата.
𝑩𝑹𝑬𝑨𝑲𝑰𝑵𝑮: Nikola Jokic will be reevaluated in “about a week” per @ShamsCharania
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) January 27, 2026
He’s in the “ramp up” phase of his return to play process pic.twitter.com/tV0yqgYQC3