Алкараз како „брз воз“ дојде до полуфинална пресметка против Зверев!

Повеќе од очекувано, шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, денеска го доби четвртфиналниот дуел со Алекс Де Минор на Австралија Опен, триумфирајќи со 3-0 во сетови со што обезбеди полуфинална пресметка против Александер Зверев.

Шпанецот имаше минимални проблеми само во првиот сет, кој го доби со 7-5, а потоа беше убедлив со 6-2 и 6-1 во преостанатите два сета. Мечот траеше 2 часа и 20 минути.

Кај жените, Украинката Елина Свитолина со експресен настап го совлада домашниот адут Коко Гоф со 6-1, 6-2 за само 59 минути и се пласираше во полуфиналето против Арина Сабаленка.