Познато кога Ѓоковиќ го игра четвртфиналето против Музети во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се соочи против Лоренцо Музети во четвртфиналето на Австралијан опен, а организаторите објавија кога ќе се одржи натпреварот.

Организаторот на турнирот во Мелбурн објави дека Ѓоковиќ и Музети ќе излезат на „Род Лејвер Арена“ в среда од 4.30 часот по македонско време.

Победникот од оваа пресметка, ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон во полуфиналето на турнирот.

Претходно на програмата се Елена Рибакина и Ига Швјонтек од 1.30, а потоа Џесика Пегула и Аманда Анисимова од 3 часот.