Зверев го уништи Тиен и обезбеди полуфинале на Австралијан опен

Германскиот тенисер Александар Зверев славеше со 3-1 во сетови против Американецот Лернер Тиен и се пласира во полуфиналето на Австралијан опен.

Зверев го доби првиот сет со 6-3, по што следниот му припадна на Тиен во тај-брејк со 7-5. Германецот, сепак, доминираше во третиот со 6-1, додека во следниот беше подобар од неговиот ривал со 7-6.

Третиот тенисер во светот во полуфинале ќе игра против победникот од средбата меѓу Карлос Алкараз и Алекс Де Минор.

Во женска конкуренција, Арина Сабаленка славеше со 6-3 и 6-0 против Ива Јовиќ и се пласира во полуфиналето на турнирот во Мелбурн.

Фото: EPA PHOTO