Дончиќ е од друга планета: Словенецот со 46 поени го разнесе Чикаго (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар оваа сезона, откако блесна против Чикаго булс и му донесе победа на Лос Анџелес Лејкерс од 129-118.

Првото полувреме од мечот им припадна на Лејкерси со 69-56, а посебно добар на паркетот беше Леброн Џејмс, додека во вториот дел доминираше Дончиќ.

Дончиќ го заврши натпреварот со 46 поени, 11 асистенции и седум скокови, а Џејмс го следеше со 24 поени, пет скокови и три асистенции. На спротивната страна најдобар беше Коби Вајт со 23 поени, пет скокови и шест асистенции.

Останати резултати:

Кливленд – Орландо 114-98
Бостон – Портланд 102-94
Хјустон – Мемфис 108-99
Минесота – Голден Стејт 108-83

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers