Европскиот шампион повторно на колена: Шпанија ја шокира Франција!
Првото полувреме понуди многу голови, а посебно незапирлива беше „црвената фурија“, која запиша дури 20 голови, додека Французите постигнаа само 14 погодоци.
Предноста на Шпанците достигна и плус седум (23-17), но Франција успеа да влезе во сериозен ритам и да намали на 25-26. Сепак, актуелниот европски шампион немаше доволно сила за пресврт и чекор кон победата, па на крајот загуби со 32-36.
Најефикасен во победничкиот тим беше Баруфет со 10 голови, додека Мине запиша седум погодоци за Франција.
Франција има четири бодови на третата позиција, додека пред неа се Данска и Германија, но повеќе не зависи сè од неа, посебно затоа што во последното коло игра против разиграните Германци.
Фото: EPA