Кин не му верува на Керик: И да победи во сите натпревари, не би му ја дал работата!

Мајкл Керик со Манчестер јунајтед успеа да запише извонредни резултати, откако стана привремен тренер на гигантот од „Олд Трафорд“, но ниту победата од 3-2 на „Емирати“ не го убеди легендарниот Рој Кин во квалитетите на младиот стратег.

Керик ги воодушеви навивачите, кои сакаат да остане во клубот и по крајот на оваа сезона, но Кин смета дека „црвените ѓаволи“ треба да си бараат нов тренер.

„Дури и да победи Манчестер јунајтед во сите натпревари до крајот на сезоната, јас сепак не би му ја дал работата на Керик“, кажа Кин.

Фото: Facebook/Manchester United