Шпанец со 14-годишно искуство од Евролигата седнува на клупата на Македонија!
Станува збор за искучително искусен стратег, кој има работено како асистент во екипите како Баерн Минхен, Бараселона, Панатинаикос, Басконија и Макаби Тел Авив и во уште дузина други клубови како главен предводник од клупата. Во неговата биографија може да се види соработка со славни имиња како Светислав Пешиќ, Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Георгос Барзокас, Одед Каташ и Гордон Херберт. Има две евролигашки титули, четири трофеи во шпанската АЦБ лига и две победи во првенството на Израел.
Освен работата во сениорски екипи, новиот стратег на Македонија има искуство и во развој на млади кошаркари затоа што има работено 15 години во младински категории, а притоа успеал и да освои две шампионски титули во Шпанија со екипи до 18 години.
Риера доаѓа на местото на Марјан Илиевски, кој пред извесно време договорно ја прекина соработката со КФМ по само шест месеци на селекторската функција. Тој ќе биде првиот Шпанец со официјална функција во македонската кошарка, а како селектор ќе работи најмалку во следните три години, на кои кулминација треба да биде настапот на ЕП 2029.