Иџе доби моќно возило со кое ќе се бори за нови победи! (ФОТО)
На промоцијата, која се одржа на Водно, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, кои му дадоа поддршка на македонскиот шампион пред новите предизвици.
Ристовски нагласи дека Стефановски со години е еден од најдобрите промотори на македонскиот спорт на меѓународната сцена, истакнувајќи дека неговите резултати се мотив за младите спортисти да веруваат во своите способности.
„Иџе со години е еден од најсилните амбасадори на македонскиот спорт. Секој негов настап е промоција на нашата држава, а секој негов успех е успех на Македонија. Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува спортистите кои со својата работа, резултати и професионален однос ја афирмираат државата на меѓународната сцена. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе нови победи и ќе испише уште едно значајно поглавје во историјата на македонскиот автомобилизам“, изјави министерот Борко Ристовски.
Новиот автомобил претставува важен чекор во кариерата на Стефановски и ќе биде неговото главно оружје во борбата за врвни резултати на европските патеки, каде што и оваа сезона ќе има амбиции за највисок пласман.




