Португалија и Норвешка по жестока борба си поделија по еден бод!
По првиот гол на мечот и предност од 1-0 на Португалија, норвешките репрезентативци ја преземаа контролата и го чуваа водството до крајот на првото полувреме (18-17).
Големата борба продолжи во вториот дел, а Норвешка поведе со 23-20, по што Португалците возвратија и го свртеа резултатот во своја корист (31-28).
Норвешка, сепак, не дозволи да излезе од оваа средба како поразената екипа, па во финишот успеа да израмни и да освои бод (35-35).
Најефикасен кај Португалија беше Луис Фраде со 11 голови, додека Андерсон запиша 10 погодоци за Норвешка.
Standings provided by Sofascore
Фото: EPA