Лапорта ќе ги „купи“ навивачите за изборите со големо засилување за Барселона!?

Барселона треба да одржи претседателски избори во 2026 година, а првиот човек на клубот, Жоан Лапорта пронашол начин како да ги „купи“ навивачите.

Идејата на Лапорта е да ги освои срцата на сите навивачи со ангажирање на еден од најпосакуваните фудбалери во Европа, а тоа е норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд.

Халанд и претходно се поврзуваше со каталонскиот гигант, но заврши во Манчестер сити, а сега Барселона повторно се активира на трансфер-пазарот.

Засега не е познато како Лапорта ќе се обиде да го добие потписот на Халанд, со оглед на тоа дека Барселона има финансиски проблеми.

Фото: Facebook/FC Barcelona