Барселона им се врати на победите, феноменален гол на Ламин Јамал (ВИДЕО)
Каталонците го решија мечот во второто полувреме, кога ја скршија одбраната на последнопласираниот тим. Дани Олмо го отвори резултатот во 52. минута, само пет минути подоцна зголеми Рафиња, а точка на победата стави Ламин Јамал со атрактивен погодок во 73. минута, по асистенција токму на Олмо. Првиот дел мина без голови, иако Барселона имаше теренска иницијатива, а Овиедо повремено се закануваше, но без конкретна реализација.
Во продолжението квалитетот на фаворитот дојде до целосен израз, а младата ѕвезда Јамал уште еднаш ја воодушеви публиката со индивидуална мајсторија. Со оваа победа, Барселона има 52 бода, еден повеќе од Реал Мадрид, додека Овиедо останува на дното на табелата. Во следното коло Барселона гостува кај Елче, а Овиедо ќе ја пречека Џирона.