За Нерес сезоната речиси и да заврши, Елмас ќе има сигурно место во тимот
Прогнозите велат дека по операцијата на Нерес ќе му требаат три месеци да се врати на терените.
Тоа значи дека сезоната за него е речиси завршена, веројатно ќе успее да фати неколку кола од крајот кога ќе биде одлучувано скудетото.
Ова е уште една вест која оди на страна на Елмас по онаа за продажбата на Ланг. Двајцата фудбалери се конкуренција на македонскиот играч во средниот ред на Наполи.