Дончиќ стана најмлад кошаркар со 1.500 постигнати тројки во НБА (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се запиша во историјата на НБА-лигата како најмлад кошаркар кој успеал да постигне 1.500 тројки во кариерата.

Дончиќ го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф против својот поранешен клуб Далас маверикс со 33 поени, 11 асистенции и осум скокови, а притоа стигна и до големиот рекорд.

Ѕвездата на Лејкерс со ова се приближи и до најдобрите 50 кошаркари со тројки во историјата на најсилната кошаркарска лига, па пред него се Џејсон Тејтум, Пети Милс и Еди Џонс на 50. позиција, додека убедливо на врвот е Стеф Кари со 4.214 тројки.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers