Неделковски: Сакаме од заминувањето на Мато сите да бидат задоволни!
Вардар и Хартс во овој момент водат интензивни разговори за пронаоѓање на решение кое ќе ги задоволи сите вклучени страни, двата клуба и фудбалерот.
Интересот на Хартс е да го добие фудбалерот уште во јануари, Вардар сака тој да не си замине беспари, а Мато што побрзо да заигра за новиот клуб.
„Не можам да ви кажам детали за ситуацијата со Мато, но можам само да кажам дека се работи случајот да се заврши во интерес на сите страни“, рече кратко извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.