Првиот човек на ФФМ, Омерагиќ го посети и Вардар во Анталија

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска го посети и Вардар и се сретна со директорот Миленко Неделковски и тренерот и иден селектор на Македонија, Гоце Седлоски.

Омерагиќ деновиве е во Анталија каде се подготвуваат неколку македонски клубови за пролетниот дел од сезоната.

Претходно, првиот човек на ФФМ ги посети и фудбалерите на Тиквеш ни им посака успешни подготовки. Во моментов, точно половина Прва македонска фудбалски лига се наоѓа на подготовки во Анталија каде, освен Вардар и Тиквеш, се уште Пелистер, Силекс, Шкендија и Струга,

Вардар замина минатата недела, а ќе остане до почетокот на февруари кога се враќа во Скопје на финални подготовки пред продолжението од домашното првенство. Денеска, „црвено-црните“ требаше да играат со полскиот Мотор Лубин и мечот во живо да го проследи Омерагиќ, но тој беше одложен поради лоши временски услови во Анталија.