Од Охрид бегаат сите како од чума: Два клуба ги откажаа пријателските!

Главна тема во македонскаа фудбалска јавност денеска е ситуацијата со Охрид кој е под сериозни обвиннувања за нерегуларноти во натпреварот против Работнички кој го загубија со 8-2.

За споменатиот натпревар веќе имало пријава во Фудбалската федерација на Македонија, а сега и два клуба кои имаат закажани пријателски натпревари со лидерот во ВМФЛ ги откажаа средбите со цел да избегнат било какви скандали. 

Станува збор за второлигашот Новаци и прволигашот Арсими.

„Фудбалскиот клуб ФК Новаци ја известува јавноста дека ја откажува пријателската утакмица закажана за 14.02.2026г. против ГФК Охрид, поради сериозни сомнежи поврзани со регуларноста на неодамнешен натпревар одигран од спротивната страна. Настаните од изминатите денови, како и информациите кои излегоа во јавноста, оставаат простор за оправдана загриженост и ја доведуваат во прашање спортската чесност која треба да биде основа на секој фудбалски натпревар.

ФК Новаци нема намера да биде дел од активности или натпревари кои на било кој начин го компромитираат интегритетот на фудбалот, ниту пак да дава легитимитет на практики што се спротивни на принципите на фер-плеј и спортски морал. Во интерес на зачувување на угледот на клубот, нашите играчи, навивачи и пошироката фудбалска јавност, сметаме дека откажувањето на оваа пријателска средба е единствено исправна и одговорна одлука. ФК Новаци ќе продолжи да се залага за чист, чесен и транспарентен фудбал. Со почит, ФК Новаци

Сличен е ставот и на тимот од Чегране.

„Фудбалскиот клуб ФК Арсими 1973 ја информира јавноста дека донесе одлука за откажување на пријателскиот натпревар кој беше планиран да се одигра против ГФК Охрид. Оваа одлука е донесена како резултат на појавата и циркулацијата на неодамнешни информации во јавноста, кои се однесуваат на сомнежи поврзани со интегритетот на еден пријателски натпревар одигран од противничкиот тим. Со цел да го зачуваме интегритетот на нашиот клуб, да ги почитуваме принципите на фер-плеј, чесна и транспарентна конкуренција, како и да придонесеме кон стабилноста и кредибилитетот на фудбалот во државата, ФК Арсими 1973 смета дека во вакви околности не е соодветно да се учествува на натпревари кои би можеле да остават простор за сомнеж или погрешна перцепција во јавноста. Ја подржиме Фудбалската Федерација на Македонија која континуирано вложува напори во зачувување на интегритетот, регуларноста и транспарентноста на натпреварувањата, како и во борбата против сите појави што можат да го нарушат угледот на фудбалот. Оваа одлука не претставува обвинување или предвремено донесување заклучоци кон кој било субјект, туку е принципиелен и одговорен став насочен кон заштита на угледот, имиџот и вредностите на нашиот клуб. Ви благодариме на разбирањето. Со почит, ФК Арсими 1973“