Хрватска го победи Исланд и се врати во игра за полуфинале!

Репрезентацијата на Хрватска славеше победа во првиот натпревар од втората фаза против Исланд со 30-29.

Од самиот почеток на натпреварот Хрватска беше подобрата репрезентацја на теренот, но иако постојано имаа водство сепак се до финишот не успеваа да се „одлепат“. Во последните минути со серија од 3-0 за првпат во натпреварот поведоа со четири гола разлика со кои замина на одмор (19-15.).

Таа предност Хрватска ја одржуваше и во второто полувреме, се врати Исланд на „минус еден“, но тоа беше се што направија.

Причината за поразот Исланѓаните денеска можат да ја бараат и во лошата реализацијана пенали. Промашија четири од кој еден беше во клучен момент кога во финишот можеа да израмнат, но место тоа Хрватска во следниот напад се врати на „плус два“.

Мараш кај Хрватска беше најефикасен со седум гола, додека на спротивната страна Магнусон беше стрелец осум погодоци.

Со оваа победа Хрватска ги освои првите бодови во новата група и така се врати во игра за полуфинале.