Иан Пулиео потпиша за Вардар

Аргентинскиот фудбалер Иан Пулеио е нов фудбалер на Вардар откако стави потпис на двегодишен договор со лидерот во македонското првенство.

27-годишното аргентинско крило потпиша договор со Вардар, тој треба да биде замената за Роџерс Мато кој ја заврши приказната со црвено-црните.

Пулеио доаѓа од тимот на Арема, играл за Дечиќ и Арсенал Тиват, и неколку јужномарикански клубови.

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски го потврди потписот на Пулеио, а и потврди дека тие повеќе нмеа да сметаат на Ворен Чимпембе додека Фехад Бајо е пратен на позајмица во Арсими.

Вардар е во потрага по лево крило и шпиц, се преговара со играчи од Јужна Америка, но нејасно е како ќе завршат преговорите со тие фудбалери.