Работнички остана и без последниот Американец – ќе играат со еден странец!
Со неговото заминување, во ростерот на екипата предводена од Владимир Мирковски како единствен странец останува само хрватскиот центар Роберт Рикиќ. Американецот во дресот на Работнички одигра само три натпревари, но и во тој краток период беше меѓу најдобрите поединци, со просек од 19 поени, 4,3 скока и 2,3 асистенции по меч.
Алстон веќе ја продолжи кариерата во Ал Карамех, додека Работнички повторно се соочува со сериозни кадровски и организациски проблеми. Според најавите, можно е заминување и на други кошаркари, што дополнително го доведува под прашање начинот на кој клубот ќе ја доигра сезоната.
Првиот натпревар од вториот дел од шампионатот, Работнички ќе го одигра во недела од 19 часот против Пелистер, ривал против кого „романтичарите“ имаа сериозни проблеми и на првиот меѓусебен дуел сезонава, кога на домашен терен беа поразени со дури 40 поени разлика.