Скапо платена победа на Барса: Педри се повреди, ќе го нема неколку недели

При нерешен резултат (2-2) и 15 минути одиграни од второто полувреме, Педри мораше да го напушти теренот во Прага поради повреда на мечот од Лигата на шампионите против Славија Прага.

По првичните прегледи, се чини дека повредата не е премногу сериозна, а замената беше направена за да се спречат понатамошни компликации. Сепак, тој би можел да отсуствува неколку недели, во Каталонија шпекулираат со период меѓу четири и пет што ќе биде тежок удар за Барса во критичен дел од сезоната. Сепак, ни тоа не е толку лошо бидејќи првите информации беа дека ќе пропушти неколку месеци, можеби и остатокот од сезоната.

Играчот од средниот ред седна на земја, држејќи ја главата во рацете во знак на очај. Медицинскиот персонал, откако го прегледа, предупреди дека може да има повреда на мускулот и дека е препорачливо да биде заменет. Ханси Флик не можеше да верува дека му се случува ова, сега кога ги опорави повеќето играчи кои беа повредени и кога му следуваат многу важни натпревари. Интересно е тоа што голот за водство на Барселона со 3-2 синоќа го постигна Дани Олмо кој две минути претходно влезе во игра на местото на Педри.

Сезонава Педри пропушти пет натпревари, два во Лигата на шампионите и три во Ла Лига, четири поради повреда на мускул, а еден поради проблем со листот на ногата. Во текот на денов ќе му бидат извршени детални прегледи и ќе се знае колку точно ќе отсуствува. Ако првичните прогнози се покажат точни, тој би се врати за дуелот против Виљареал на 1 март на Камп Ноу, но дотогаш Барса има неколку незгодни дуели, пред се на гостински терен.