Рома гради нов стадион вреден над милијарда евра (ВИДЕО)
Планот вклучува и изградба на два паркови со површина од 120 квадратни метри, 2.280 паркинг места за автомобили и многу други работи.
Според првичните детали, вкупната инвестиција е проценета на 1,37 милијарди евра. Трошоците за стадионот изнесуваат 633 милиони евра, парковите ќе чинат 27 милиони евра, различни паркиралишта околу 50 милиони евра и други инвестиции.
Стадионот треба да биде отворен во 2030 година, односно проекциите за приходите се за 2031 година кога се очекува да има заработка од 153,6 милиони евра.