Барселона во натпревар со шест гола славеше во Прага, Мурињо поразен во Торино (ВИДЕО)

Натпреварите вечерва во Лигата на шампионите не донесоа некои поголеми изненадувања и во главно фаворитите славеа победи.

Најмногу голови беа постигнати на натпреварт помеѓу Славија Прага и Барселона во која гигантот од Каталонија славеше со 4-2.

Кусеј ја изненади Барселона со голот по десет минути игра, но Барселона набрзина преку Фермин Лопез во 34. и 42. минута успеа да направи пресврт. Сепак, мрежата на Барселона се тресеше уште еднаш пред крајот на првот и тоа кога Левандовски си постигнаа автогол.

Во второто полувреме избраниците на Флик не дозволија изненадување и со погодоците на Олмо и Левандовски кој сега погоди на вистинската страна беа поставени конечните 4-2.

Жозе Мурињо во своето враќање во Италија со Бенфика против Јувентус кој е негов голем ривал од времето кога го водеше Интер беше поразен со 2-0.

Победата „старата дама“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел кои беа дело на Турам и Мекени. Ливерпул 

Ливерпул не дозволи изненадување на свој терен и го совлада Марсеј со 3-0, Челси се извлече и со минималнни 1-0 го победи Пафос, Баерн со 2-0 рутински славеше над Ројал, Њукасл лесно се справи со ПСВ со победа од 3-0, додека Билбао ја доби Аталанта во Бергамо со 2-0.