Дебакл на Хрватска во борбата за прво место со Шведска!
Хрватите во денешниот дуел во ниту еден момент не можеа сериозно да парираат на одличнатаа Шведска која доминираше од почетокот до крајот.
Пласманот во следната фаза Хрватска го имаше обезбедено претходно, меѓутоа сега таму оди без пренесен бод, додека Шведска носи два бода.
Првиот предизвик избраниците на Дагур Сигурдсон ги очекува в петок кога ќе се соочат со Исланд, а потоа ќе ги одмерат силите и со Швајцарија, Словениија и Унгарија.