Холандија ја доби битката за престиж против Грузија

Во натпреварот за престиж и без резултатско значење Холандија славеше победа над Грузија со 31-26 и така ја освои третата позиција во групата.

Натпреварот почна со изедначена борба, двете екипи се менуваа во минимално водство се до завршницата од првиот дел кога Холандија искористи неколку грешки на Грузијците и на пауза замина со водство од 18-15.

Финишот од првиот дел како да беше најава за тоа што ќе го гледаме во вториот дел, Холандија нарзина отиде и на „плус“ пет, а во продолжение сигурно го чуваа водството и не дозволија грузиските ракометари да се вратат во натпреварот.

Најефикасни кај Холандија со по седум гола беа Ставаст и Табоада, додека кај Грузија Цковербадзе се издвои со 11 гола.